Солскјер: Ако Јунајтед ме повика – веднаш ќе кажам ДА

120

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој беше отпуштен од клубот во ноември 2021 година, изјави дека секогаш би бил отворен повторно да го преземе тимот доколку раководството тоа го побара од него.

Откако го напушти Јунајтед, Солскјер одби неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија и САД, а беше поврзуван и со репрезентацијата на Канада и Шведска. Но, Норвежанецот работи само како технички советник на УЕФА и на тој начин поминува повеќе време со семејството.

Раководството на Јунајтед го поддржа Ерик тен Хег летото по долго размислување, но Холанѓанецот сега е повторно под притисок бидејќи уште еднаш резултатите не се онакви какви што очекуваат на „Олд Трафорд“.

На прашањето дали ќе се врати како менаџер на Манчестер Јунајтед, Солскјер одговори:

„Ако семејството ве праша, секогаш ќе кажете „да“. Не е во ред да се зборува за работните места што ги имаат другите луѓе сега, но јас би рекол да, се разбира“.

Така Солскјер одговори на прашање за време на неговото учество на бизнис форум во Осло.

ПретходноСкандал во Фенер: Навивачите се дигнаа против еден од најдобрите поради овие зборови!
СледноПоранешен играч на Вардар и Пелистер го засилува ГРК Охрид?