Шестминутен „блицкриг“ за нова убедлива победа на Милан (ВИДЕО)

269

Паоло Фонсека и неговите момци полека фаќаат ритам. Милан обезбеди трета победа во серија во италијанското калчо и со тоа полека се пробива кон самиот врв на табелата. Вечерва „росонерите“ пред своите навивачи славеа со 3:0 против екипата на Лече во првиот натпревар од 6. коло на Серија А.

Се беше решено во првите 45 минути. Мората отвори за 1:0 во 38. минута, три минути подоцна Тео Ернандес зголеми на 2:0, а во 43. минута со голот на Пулишиќ веќе беше и 3:0. Овој блицкриг на Милан беше решавачки и за преостанатиот дел од мечот во кој гостите беа поконкретни, но не успеаја да постигнат макар почесен гол.

Милан го заврши мечот со играч помалку, по исклучувањето на Бартезаги.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноБорусија се врати од „мртвите“, па на крајот славеше дома против Бохум
СледноЕвертон се подготвува за тренерска смена, Маурицио Сари е прва желба