“Новиот“ Ливерпул под водство на Арне Слот сосема солидно ја започна новата сезона. Сепак деновиве клубот е во шок, имено трите најголеми ѕвезди на тимот следното лето го напуштаат „Енфилд“, неофицијално тоа и го најавиле.
Мохамед Салах конечно ќе замине во С. Арабија и ќе го потпише најбогатиот договор во историјата на фудбалот, ќе биде повеќе платен и од Кристијано Роналдо.
Вирџил ван Дајк исто така има неколку баснослвни понуди, па така и тој си заминува, а Трент Александер – Арнолд ќе прави трансфер во Реал Мадрид, барем такви се најавите.
Инаку шокот е уште поголем ако се знае дека на сите тројца во јуни 2025 година им истекува договорот и тие би си заминале без никаква отштета.