Кошаркарите на Денвер, Никола Јокиќ и Дарио Шариќ имаа интересен разговор на медиумски ден пред почетокот на новата сезона во НБА.
Кошаркарите и тренерот на Нагетс разговараа со претставници на медиумите, а интересно е што и играчите на Денвер имаа и полиграф.
Во еден таков дуел учествуваа Јокиќ и Шариќ.
„Дали би ми дозволил да го јавам твојот коњ на трка“, било прашањето на Шариќ до Јокиќ.
Потоа следеше јасен и ладен одговор од српскиот центар.
„Не“.
Полиграфот брзо покажа дека Јокиќ не лаже и дека навистина нема да дозволи Хрват да му го јава коњот.
View this post on Instagram