Она што се најавуваше сега е и официјално. А тоа потврди и самиот Пеп Гвардиола. Сезоната за Родри, клучниот играч на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Шпанија, е готова.
„Да, сезоната за Родри е готова. Тој ќе се врати за следната. Врз него денеска извршена е успешна операција и сега следува долга рехабилитација“ посочи менаџерот на Сити.
Инаку Родри се здоби со руптура на предниот вкрстен лигамент на деносото колено на дербито со Арсенал.
Сега Пеп е во проблеми, како без својот клучен и секако најдобар фудбалер. Ќе мора да експериментира со составот, а секако дека товарот ќе падне врз Илкај Гундоган, Матео Ковачиќ и Рико Луис, ова се играчите за врска во Сити кои сега ќе мораат да го надополнат отсуството на фантастичниот Родри.