Јокиќ до Хрватот: Нема да ти дозволам да го јаваш мојот коњ

481

Кошаркарите на Денвер, Никола Јокиќ и Дарио Шариќ имаа интересен разговор на медиумски ден пред почетокот на новата сезона во НБА.

Кошаркарите и тренерот на Нагетс разговараа со претставници на медиумите, а интересно е што и играчите на Денвер имаа и полиграф.

Во еден таков дуел учествуваа Јокиќ и Шариќ.

„Дали би ми дозволил да го јавам твојот коњ на трка“, било прашањето на Шариќ до Јокиќ.

Потоа следеше јасен и ладен одговор од српскиот центар.

„Не“.

Полиграфот брзо покажа дека Јокиќ не лаже и дека навистина нема да дозволи Хрват да му го јава коњот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denver Nuggets (@nuggets)

ПретходноПо реакцијата на фановите: КК Пелистер го врати старото лого!
СледноПо инцидентот во Куманово: ФФМ го суспендира теренот и на ФК Башкими!