На Синер му се заканува долга суспензија, ВАДА не попушта!

108

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража за случајот со италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Првиот светски рекет два пати беше позитивен на клостебол, забранета супстанца, во март 2024 година, по што, пред почетокот на УС Опен, независниот суд на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ITIA) го прогласи за лице „кое е не е виновен за невнимание“.

Синер беше казнет само со одземање на освоените бодови на Индијан Велс, при што беше позитивен на тестот.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) потврди дека поднела жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на 26 септември и побарала суспензија на Синер од 12 до 24 месеци.

„ВАДА верува дека наодот за „без вина или небрежност“ не е точен според сегашните правила. ВАДА бара период на дисквалификација од една до две години. ВАДА не бара поништување на никакви резултати, освен оние што се веќе донесени од Основниот суд имајќи предвид дека ова прашање сега е во тек пред CAS, ВАДА нема да дава дополнителни коментари во овој момент“, се вели во соопштението на организацијата.

Да потсетиме, Синер успеа да триумфира во Њујорк и по Мелбурн да ја освои втората грен слем титула во кариерата.

ПретходноБитка во „Кале“ за Супер-Куп трофејот: МЗТ Скопје за доминација, Пелистер за историја!
СледноВечно дерби во „Јане Сандански“: Пелистер две години го нема победено Вардар 1961 во Скопје!