ВМФЛ: Штипјани гостуваат во Автокоманда, дербито се игра во Гевгелија!

179

Попладнево од 14 часот се играат сите осум средби од 6.коло во ВМФЛ. По се она што во средата се случуваше и инцидентите, како и суспензиите на терените во Неготино и Куманово, време е за фудбал. Интересно е тоа што во Струмица играат меѓу себе “суспендираните“ Вардар (Н) и Башкими.

Лидерот Брегалница ја чека тешко гостување во Автокоманда. Јасно е дека ако сакаат “сините“ и натаму да бидат први ќе мора да забележат победа на гостувањето кај Скопје.

Сепак дербито се игра во Гевгелија каде Кожув го дочекува составот на Детонит. Ова е дуел меѓу третиот и четвртиот на табелата.

Македонија ЃП која службено го загуби мечот со Новаци поради неправилна замена би требало да ги освои бодовите во Богданци кај Вардарски со оглед на тоа дека е фаворит.

Интересно ќе биде во Прилеп каде се среќаваат Победа и Охрид, како и на дуелот меѓу Осогово и Борец, додека Аресими се надева на три бода од гостувањето во Македонска Каменица кај Саса, и во последниот дуел од ова 6.коло во ВМФЛ денеска, Новаци ја дочекува Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Струмица: Вардар (Н) – Башкими

Прилеп: Победа – Охрид

Новаци: Новаци – Беласица

М. Каменица: Саса – Аресими

Богданци: Вардарски – Македонија ЃП
Кочани: Осогово – Борец

Скопје: Скопје – Брегалница

Гевгелија: Кожув – Детонит

ТАБЕЛА

Брегалница 13, Аресими 12, Кожув 11, Детонит 10, Македонија ЃП 10, Башкими 10, Новаци 9, Скопје 6, Саса 5, Победа 4, Вардар (Н) 4, Беласица 4, Охрид 4, Борец 3, Вардарски 2, Осогово 2.

ПретходноФИФА му порача на Мартинез – доста
СледноСолскјер: Не смеевме да дозволиме Роналдо да оди во Сити, ќе дадеше повеќе голови од Халанд