Македонската фудбалска репрезентативка и во моментов наша најдобра фудбалерка, Наташа Андонова имаше одлично деби во дресот на новиот тим. Таа одлучи да се пресели во Саудиска Арабија каде е дел од тимот на Ал Шабаб.
На првата средба Андонова постигна два гола во убедливиот триумф на нејзината екипа против Ал Тараџи на гостински терен. Со својата блескава игра македонската репрезентативка веднаш се најде во центарот на вниманието, а раководството на клубот доби потврда дека не погреши што ја ангажираше, во неа гледаат лидер.
View this post on Instagram