Интер им се врати на победите, славеше на „Фриули“ (ВИДЕО)

30

Интер славеше на гостувањето кај Удинезе со 2:3 во натпреварот од новото коло во италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ се вратија на победнички патеки по неочекуваниот пораз од најголемиот ривал Милан во предходното коло.

Удинезе пружи одличен отпор, но Интер рано дојде до водство и ја најави победата по само 60 секунди игра. Фратези погоди за водство на гостите, а домашните успеаја да се консолидираат и да израмнат на 1:1 во 35-тата минута со голот на Кабаселе.

Во последните секунди од првото полувреме Лаутаро Мартинез погоди за ново водство на Интер. Во вториот дел гостите успешно го затворија натпреварот постигнувајќи и трет гол преку Лаутаро во 47-та минута, а до крајот на натпреварот Удинезе само намали на 2:3 со голот на Лука.

Udinese 1-[2] Inter- Lautaro Martínez 45+3′
byu/gabocorbo insoccer

Udinese 1-[3] Inter- Lautaro Martínez 47′
byu/gabocorbo insoccer

ПретходноФФМ: Нападот на Сејдини е директен удар врз вредностите на фудбалот
СледноТ. Пролет преку Бисинов до прва победа сезонава