Првиот тренер на Реал (М), Карло Анчелоти на прес-конференцијата пред дуелот со Атлетико(М) изјави дека Едуардо Камавинга се опоравил од повредата и е подготвен за настап на неделната пресметка против Атлетико Мадрид.
„Камавинга е подготвен и може да одигра и 90 минути, но можеби и нема да игра воопшто“, изјавил Анчелоти.
Италијанскот стратег претходно изјави дека Камавинга се обложил дека ќе биде подготвен за неделната пресметка против Атлетико Мадрид и навистина е фит.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е на програмата утре од 21 часот.