Екипата на Баскет Кам е освојувач на Супер-купот, кој го носи името на „Драган Василов – Цевка“, откако го совлада тимот на МЗТ Скопје со убедливи 74-54.
Поп-Димитровска беше стрелец на 21 поен и 7 скока, зад неа беше Кметовска со дабл-дабл од 14 поени и 13 скока. На другата страна Сарафилоска имаше 17 поени.
По првата четвртина која избраничките на Жаклина Стојановска ја добија со 23-10, на другата страна аеродромки не дозволија овој дуел да биде решен лесно, пружија отпор и вториот период го добија со 15-20 за 38-30 на одморот.
По релативно изедначената игра во третата четвртина, Баскет Кам имаше одличен финиш во последниот период (18-9), кој беше причина за убедлива победа.