Битолчани пак се „удрија“ во тврдината: Вардар 1961 го реши Пелистер во првото дерби (ФОТО)

366

Првото дерби оваа сезона меѓу Вардар 1961 и Пелистер му припадна на домашниот тим 27-24 (15-11), ова беше меч од четвртото коло во Супер-лигата. По овој дуел продолжува традицијата која вели „црвено-црните“ немаат загубено на домашен терен од 2022 година. За актуелниот првак ова прв пораз во Супер-лигата, додека за Вардар е трета победа.

Марко Срдановиќ имаше осум гола, Гоце Георгиевски имаше пет гола. На другата страна Никола Митревски имаше десет одбрани, Филип Кузмановски запиша седум гола.

Избраниците на Владо Недановски одиграа одлично прво полувреме. Одбраната беше добро поставена, а на голот Еспиња беше главната причина поради која „црвено-црните“ брзо го наметнаа своето темпо и дојдоа до неочекувано висока позитива.

Вардар поведе со 5-2, беше 6-3 во десетата минута. Во меѓувреме битолчани ја бараа својата игра, но тешко ја пробиваа дефанзивата која противникот ја имаше поставено. По тајм-аутот на Бранко Ангеловски, Вардар дојде на плус пет (11-6) во 20-та минута, беше и 14-9 и 15-10. Пелистер на одморот намали на 15-11. Еспиња имаше седум одбрани.

По одморот битката се вжешти. Пелистер со 3-1 намали на 16-14. Домашниот тим дојде на нови плус четири (20-16), но Пелистер конечно се издигна. Митревски запиша две важни одбрани, а неговиот тим успеа да дојде на минус еден 20-19. Гоце Георгиевски стави крај на сагата по тајм-аутот на Владо Неднаовски за 21-19 на средината на првото полувреме.

По нова одбрана на Митревски, Пелистер повторно се закани со 22-21, но Вардар врати со три гола. Николиќ, Јагуриноски и Георгиевски ги казнија грешките на битолчани и зголемија на 25-21 во 53-та минута.

Ангеловски повика тајм-аут, Кузмановски реализираше веднаш, но Радивојевиќ не реализираше седум метри, на другата страна Лазаревски зголеми на 26-22 на нецели пет минути до крајот.

Наместо напад за плус пет, Јагуриноски заработи исклучување, Радивојевиќ намали на 26-23. Срдановиќ реализираше важен удар од седум метри за 27-23 во 57-та минута. Еспиња во вистинско време одбрани уште еден „седмерец“, но Хориха наместо да има трпение, не реализираше за печат на победа. Но, на голема среќа тоа не го стори противникот и на крајот немаше време.

ПретходноПрви искри на теренот: Ракометарите на Вардар и Пелистер влегоа во клинч (ВИДЕО)
СледноВлаховиќ со два гола му донесе победа на Јувентус (видео)