Јувентус ја забележа третата победа во шестиот меч во новата сезона во Серија А, а ја совлада Џенова на гости со 3:0. Првото полувреме заврши без голови, а во второто Душан Влаховиќ постигна два и ја обезбеди победата на „Старата дама“.
Српскиот напаѓач прво отвори со гол од пенал во 48 минута (ГОЛОТ ОВДЕ), а во 55 минута погоди на асистенција на Копмајнерс (ГОЛОТ ОВДЕ).
Во 65 минута Копмајнерс ја погоди пречката, а во 82 минута Влаховиќ шутна покрај голот.
Во 90 минута Франциско Консеисао со својот прв гол за Јуве го постави конечниот резултат (ГОЛОТ ОВДЕ).
Џенова го запиша третиот пораз.
Идното коло Џенова и гостува на Аталанта, а Јувентус игра дома со Каљари.