Добро позната ситуација во „Јане Сандански“: Вардарци им се поклонија на „Комити“ (ФОТО)

494

Првото овосезонско дерби му припадна на Вардар 1961, кој заслужено го победи Пелистер со 27-24 во меч од четвртото коло во Супер-лигата. „Црвено-црните“ издоминираа во првото полувреме, а во финишот ги казнија грешките на актуелниот македонски првак туркајќи го криза после поразот во Лигата на шампиони.

Во СЦ „Јане Сандански“ традицијата остана непромената. За Вардар од 2022 година ова е четврта победа против најголемиот ривал.

На крајот следеше уште еден добро познат момент, ракометарите на најтрофејниот ракометен колектив им се поклонија на своите верни фанови „Комити“, кои заедно со останатите навивачи уживаа во нивната игра на теренот.

За Вардар ова е трета победа, има и еден пораз, а ист скор сега има и Пелистер.

ПретходноГРК Охрид без милост – го победи Тиквеш со 20 гола разлика!
СледноРеми на германското дерби – евроголови на Андрих и Павловиќ (видео)