Изненадување во Памплона – Барселона убедливо поразена од Осасуна (видео)

130
ФОТО: x.com/Osasuna

Изненадување на „Ел Садар“ во Памплона. Барселона по 14 години доживеа пораз од Осасуна во меч од Ла Лига.
Осасуна вечерва се надмина себе си и го совлада каталонскиот гигант со 4:2, а по првото полувреме водеше со 2:0. Резултатот го отвори Будимир кој стрелаше со глава на нафрлување на Брајан Сарагоса. Десет минути подоцна токму Сарагоса се запиша во листата на стрелци за еуфорија на домашната публија.
Во 53 минута Барса намали со голот на Виктор, па гостите тргнаа во офанзива која не резултираше со реми.
Осасуна реализираше од пенал во 72 минута. Серхи Домингез направи фаул во својот шеснаесетник, а судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор Будимир.

Во 85 минута Бретонес со убав гол зголеми на 4:1, а во последните минути Ламин Јамал исто така со убав гол го постави конечниот резултат.

Голема победа на Осасуна над Барселона на задоволство на 22 322 гледачи на трибините.
За Осасуна ова е четврта победа сезонава, а Барселона го запиша првиот пораз.
Следното коло Осасуна му гостува на Хетафе, а Барселона му гостува на Алавес.

ПретходноНајбизарниот пенал во историјата на српскиот фудбал (видео)
СледноСамарџиќ во 90. минута ја спаси Аталанта од пораз во Болоња (видео)