„Лудило“ во НБА – Таунс оди во Њујорк!

72

Утринава се случи шокантен трејд, Минесота Тимбервулфс постигна договор со Њујорк Никс што значи дека Карл-Ентони Таунс ќе ја промени средината.

Таунс кариерата ќе ја продолжи во Њујорк Никс, кој во спротивна насока ги испрати Џулиус Рендл и Донте Дивинченцо.

Долго време се зборува дека Тимбервулфс сакаат да го трејдуваат Таунс за да го надградат тимот, а ситуацијата на Џулиус Рендл со Никс не е одлична и некако не се вклопил во соблекувалната.

Имаше многу проблеми и фанатизам, пред се, помеѓу Рендл и стручниот штаб, па овој потег не изненадува, но мораа да го додадат еден од милениците на публиката, Донте Дивинченцо.

Дивинченцо играше на Универзитетот Виланова заедно со Џејлен Бренсон, Џош Харт и новото засилување Микал Бриџис, но нема да дочека додека да играат сите заедно во НБА, бидејќи Донте ќе оди во Минесота.

ПретходноКоста Ќириловски потпиша за Игокеа
СледноФИФА му порача на Мартинез – доста