Тренерот на Барселона пред неколку дена одржа прес-конференција на која го најави натпреварот на неговиот тим против Хетафе. Двапати морал да го напушти поради напади на кашлање, а се завршило кога еден од новинарите му понудил карамела бонбона која ја смирувала кашлицата. Три дена подоцна Флик повторно имаше прес-конференција, а со потегот пред неа го воодушеви истиот новинар и сите присутни.
Hansi Flick és tot un cavaller, avui m’ha tornat per triplicat el caramel que li vaig donar dimarts davant l’atac de tos. Crac. pic.twitter.com/cB78URqx9o
— Xavi Lemus (@xlemus) September 27, 2024
Пред стартот на прес-конференција, Флик влезе во просторијата и, пред да отиде до микрофонот, стигна до новинарот. Му ја дал истата бонбона, со својот гест ги воодушевил сите, а потоа добил аплауз.
Новинарот го сподели видеото на својот X профил, нарекувајќи го Флик „вистински господин“.
Ваквите мали гестови само го потврдуваат тоа. Најважно од се, неговиот тим е непоразен по седум кола во Ла Лига и води во поредокот