Македонската женска ракометна репрезентација денеска и утре ќе одигра два пријателски натпревари против Австрија на гостински терен во рамките на подготовките за Европското првенство оваа година.
Селекторот Кристија Грчевски ќе има шанса да види во каква форма се „црвено-жолтите“ и на што ќе треба да се работи во следниот период, бидејќи за два месеци доаѓа вистинскио предизвик – ЕУРО 2024.
Првиот меч е закажан за денеска (од 17 часот), а вториот за утре (14.45 ч.).
Македонија на ЕП ќе игра во Дебрецин, против Шведска, на 28 ноември, Турција, на 30 ноември, додека групната фаза ја затвра со домаќинот Унгарија, на 2 декември.