Македонската женска ракометна репрезентација запиша пораз на првиот пријателски натпревар против Австрија во рамките на ЕХФ-неделата. Избраничките на Кристијан Гачевски беа совладани со 30-25 (16-16).
Нашите ракометарки одиграа добро во првото полувреме кое заврши16-16. По одморот Македонија на кратко поведе со 16-17, но противникот го наметна своето темпо и и поведе со 24-21 во 42-та минута. На стартот на последните 10 минути беше 28-24, позитива која Австрија успеа да ја одржи до самиот крај.
Вториот дуел меѓу Македонија и Австрија е утре. Овие две средби ќе бидат корисни за нашиот национален тим во пресрет на Европското првенство.