Реми на германското дерби – евроголови на Андрих и Павловиќ (видео)

184

На „Алијанц арена“ се сретнаа Баерн Минхен и Баер Леверкузен и одиграа 1:1 во Бундес лигата. Мечот меѓу најтрофејниот германски клуб и актуелниот шампион заврши без победник, а беа постигнати два прекрасни погодоци.

Отвори Леверкузен во 31 минута кога Роберт Андрих го прецизен удар по земја од далечина го совлада Ноер (ГОЛОТ ОВДЕ). Во 39 минута по една одбиена топка, Александар Павловиќ ја стопираше топката со гради и со волеј ја смести топката зад грбот на Храдецки (ГОЛОТ ОВДЕ).

Во вториот дел Баерн пропушти неколку шанси за водство, а најдобрата ја имаше Мишел Оли во 57 минута чиј шут го одбрани Храдецки. Пред тоа Гнабри ја погоди стативата, а тој дојде и до одбиената топка и шутираше во пречката.
Во 72 минута шутот на Алфонсо Дејвис заврши покрај десната статива. А во 88 минута можеше да се случи студен туш за Баерн. Нејтан Тела се залета кон шеснаесетникот па неговиот обид го запре Ноер.

Баерн остана прв на табелата со 13 бода, а Леверкузен моменталн о е трет по некомплетно петто коло. И за двата тима тоа е прво реми сезоната.

Идното коло Баерн ќе му гостува на Ајнтрахт, додека Баер Леверкузен е домаќин на Кил.

БУНДЕС ЛИГА, 5 КОЛО
РЕЗУЛТАТИ ОД САБОТАТА (28.09.2024)
МЕНХЕНГЛАДБАХ – УНИОН 1:0
ФРАЈБУРГ – СТ.ПАУЛИ 0:3
МАЈНЦ – ХАЈДЕНХАЈМ 0:2
ЛАЈПЦИГ – АУГЗБУРГ 4:0
ВОЛФСБУРГ – ШТУТГАРТ 2:2
БАЕРН – БАЕР 1:1

ПретходноДобро позната ситуација во „Јане Сандански“: Вардарци им се поклонија на „Комити“ (ФОТО)
СледноЛиверпул го победи Вулверхемптон и е нов лидер во Премиер лигата