Самарџиќ во 90. минута ја спаси Аталанта од пораз во Болоња (видео)

27
ФОТО: x.com/Atalanta_BC

Болоња и Аталанта си поделија по бод по меѓусебниот дуел од 6 коло во италијанската Серија А. Немаше голови во првото полувреме, а домашните го отворија резултатот во 46 минута преку Кастро, а од 51 минута играа со фудбалер помалку поради директниот црвен картон на Лукуми.

Аталанта го сврте темпото во финишот на мечот кога во игра влегоа Ретеги и Квадрадо, а потоа Заниоло и Пашалиќ, па во 90 минута притисокот донесе гол. На асистенција на Заниоло, Лазар Самарџиќ го постигна првенецот за Аталанта и за реми на ова гостување.

За Аталанта ова е прво реми сезонава, а за Болоња четврто. Идното коло Аталанта ќе игра дома со Џенова, а Болоња дома против Парма.

ПретходноИзненадување во Памплона – Барселона убедливо поразена од Осасуна (видео)