Светскиот тенисер бр. 1, Јаник Синер вели дека е изненаден од жалбата на Светската антидопинг агенција до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Непосредно пред почетокот на УС Опен на крајот на август беше објавено дека ITIA (International Tennis Integrity Agency) го ослободи Синер од обхвинение за два позитивни теста на клостебол во март оваа година.
Меѓутоа, ВАДА мисли поинаку и смета дека пресудата не била точна и според сегашните правила тие бараат суспензија за Синер од една или две години.
„Не можеме да контролираме сè, нели? Очигледно, јас сум многу разочаран и изненаден од таа жалба, да бидам искрен, бидејќи имавме три рочишта – и сите три рочишта завршија многу позитивно за мене. Знаете, не го очекував тоа. Веќе неколку дена знаев дека ќе се жалат и дека ќе биде официјално денеска, па…“ изјави Синер и додаде: „Секогаш зборуваме за истото. Можеби тие само сакаат да се уверат дека сè е во ред. Изненаден сум од таа жалба“.