Хари Кејн го лови рекордот на Роналдо и Халанд

112

Фудбалерот на Баерн Минхен и капитен на англиската репрезентација Хари Кејн, е на добар пат да го сруши рекордот на Кристијано Роналдо, кој неодамна го изедначи Ерлинг Халанд.

Имено најдобриот фудбалер на сите времиња Кристијано Роналдо држеше рекорд за најбрзо постигнати 100 гола во нов клуб. За ова достигнување на португалецот му беа потребни 105 натпревари во дресот на Реал Мадрид. Неодамна овој рекорд го изедначи норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд на кој исто така му беа потребни 105 наптревари да постигне 100 погодоци во дресот на Манчестер Сити. Хари Кејн досега има постигнато 54 гола на 51 натпревар во дресот на Баерн Минхен и е на добар пат да биде нов рекордер.

Оваа информација пристигнува непосредно пред дербито помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен во германската Бундеслига кое ќе се одигра денес, меч на кој Кејн може да биде клучен фактор за победа на „баварците“.

ПретходноЊукасл го запре шампионот
СледноВМФЛ: „Лавовите“ со три бода, без голови во Гевгелија и на Автокоманда