Њукасл го запре шампионот

93

Фудбалерите на Њукасл и Манчестер Сити ремизираа на отворањето на 6-тото коло во англиската Премиер Лига со резултат 1:1. Момците на Пеп Гвардиола повторно не успеаја да ја наметнат својата препознатлива игра и да го победат Њукасл на Ст. Џејмс Парк.

Натпреварот започна со внимателна игра од двете страни, но во 35-тата минута Гвардиол го отвори резултатот со одличен соло продор по левата страна. До крајот на првиот дел момците на Пеп Гвардиола имаа уште неколку убави шанси за погодок, но резултатот не се промени. Во второто полувреме домаќините притиснаа и го нападнаа голот на Сити од сите страни. Изедначувањето пристигна во 57-та минута кога Ентони Гордон излезе еден на еден со голманот и изнуди најстрога казна. Гордон го реализираше пеналот и Њукасл повторно ги притисна гостите во потрага по втор гол. До крајот на натпреварот двете екипи имаа по неколку шанси за гол, но трет погодок на натпреварот не беше постигнат.

Манчестер Сити остана на првата позиција со 14 бода, додека пак Њукасл се наоѓа на 5-тото место со 11 освоени бодови.

ПретходноСе бориме за левиот бек на Галатасарај!
СледноХари Кејн го лови рекордот на Роналдо и Халанд