Ракометарите на Т. Пролет денеска го играат четвртиот меч од новата сезона. Во 16 часот во салата „Македонско Сонце“ гостува екипата на Бисинов.
Во подготвителниот период Т. Пролет рутински го доби Бисинов во контролен меч со 26-20, па и на денешниот дуел очекуваат слична разврска.
„Свесни сме дека не бевме на посакуваното ниво и потфрливме од многу аспекти, особено на оној последен дуел во Струга на кој не личевме на себе. Лекцијата е научена и почнувајќи од следниот меч ќе го покажеме нашето вистинско лице. Борец е ривал што го почитуваме и знаеме дека до бодовите можеме само со максимално ангажирана игра од почетокдо крај. Не смее да ни се повторат осцилациите од првите средби, мораме да останеме дисциплинирани во нападот и цврсти во одбраната, тоа треба да биде формула за успех на нашиот тим“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот дуел.