Влаховиќ со два гола му донесе победа на Јувентус (видео)

166

Јувентус ја забележа третата победа во шестиот меч во новата сезона во Серија А, а ја совлада Џенова на гости со 3:0. Првото полувреме заврши без голови, а во второто Душан Влаховиќ постигна два и ја обезбеди победата на „Старата дама“.
Српскиот напаѓач прво отвори со гол од пенал во 48 минута (ГОЛОТ ОВДЕ), а во 55 минута погоди на асистенција на Копмајнерс (ГОЛОТ ОВДЕ).
Во 65 минута Копмајнерс ја погоди пречката, а во 82 минута Влаховиќ шутна покрај голот.

Во 90 минута Франциско Консеисао со својот прв гол за Јуве го постави конечниот резултат (ГОЛОТ ОВДЕ).

Џенова го запиша третиот пораз.

Идното коло Џенова и гостува на Аталанта, а Јувентус игра дома со Каљари.

ПретходноБитолчани пак се „удрија“ во тврдината: Вардар 1961 го реши Пелистер во првото дерби (ФОТО)
СледноГРК Охрид без милост – го победи Тиквеш со 20 гола разлика!