ВМФЛ: „Лавовите“ со три бода, без голови во Гевгелија и на Автокоманда

284

Попладнево се одиграа сите осум средби од 6.коло во ВМФЛ. Македонија ЃП како што и се очекуваше, успеа да дојде до трите бода на гостувањето кај Вардарски и тоа со 0:2 и тоа со головите на Размоски и Христов.

Брегалница одигра 0:0 на гости кај Скопје, но и тоа беше доволно да го задржи челното место на табелата. Во дербито во Гевгелија, каде играа Кожув и Детонит исто така немаше голови. Охрид дојде до нова победа, сега во Прилеп и тоа кај Победа со 0:1 со што и дефинитивно побегна од дното на табелата. Саса успеа со 2:1 да слави над фаворизиораниот тим на Аресими.

Во продолжение можете да го видите сите резултати од денешните натпревари:

РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 0:0

САСА – АРЕСИМИ 2:1

КОЖУВ – ДЕТОНИТ 0:0

НОВАЦИ – БЕЛАСИЦА 0:0

ОСОГОВО – БОРЕЦ 1:0

ПОБЕДА – ОХРИД 0:1

ВАРДАР (Н) – БАШКИМИ 0:1

ВАРДАРСКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2

ПретходноХари Кејн го лови рекордот на Роналдо и Халанд
СледноСинер за жалбата на ВАДА: Изненаден сум и разочаран, не очекував!