Коста Ќириловски потпиша за Игокеа

33

Актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, а воедно и еден од најтрофејните босански кошаркарски клубови, кој се натпреварува во регионалната АБА лига покажа интерес за македонскиот репрезентативец Коста Ќириловски кој ова изминато лето со јуниорската репрезентација го освои првото место на младинскиот Евробаскет, одржан во Скопје, за кошаркари до 18 години.

Ќириловски, кој последните шест години ги мина во дресот на Водно Санс, е втор репрезентативец на Македонија кој ќе заигра во дресот на Игокеа, по Теодор Симиќ кој стана дел од овој клуб во 2022 година.

ПретходноГвардиола до Арсенал: Сакате војна? Нема проблем ќе се бориме!
Следно„Лудило“ во НБА – Таунс оди во Њујорк!