Македонската дијаспора во Австралија е голема и има повеќевековна традиција. Неколку генерации нашинци живеат на далечниот континент но „крвта не е вода“ па голем дел од нив не ги прифатија тамошните популарни спортови како преокупација туку се држат за традицијата и играат фудбал.
Па така, низ годините секако дека дел од нив одлучија да настапуваат за Македонија, за кои што „СпортСпорт“ секогаш благовремено информирал, а за дел допрва треба да се избориме.
Во моментов има плејада на млади момчиња кои што се дел од младинските селекии на Австралија, а имаат потекло од Македонија, а дури петмина настапуваат за иста генерација. Поточно на квцалификациите за У20 генерација која што доколку биде успешна во оваа кампања ќе замине не Мундијалот.
Тоа се Даниел Грашкоски кој е голман, дефанзивците Кејн Размоски и Зак Лисолајски, како и напаѓачите Џејк Најдовски однодно Арион Сулејмани.
За дел „СпортСпорт“ веќе напиша во изминатиот период, дел се новитет и за нас.
Она што е пак многу важно да се напомене е дека на пример голманот Даниел Граоркоски е роден 2007 година и е убедливо најмлад во оваа генерација,
Рајс Божиновски пак, имаше неодамна настап и за У23 генерацијата на Австралија уште еден момент кој кажува дека се работи за екстра талентирано момче.
Ситре до еден настапуваат за Мелбурн Сити, Перт Глори, Мелбурн Виктори, најдобрите тимови во првата лига на Австралија.
„СпортСпорт“ дознава дека ФФМ веќе е на линк со дел од нив и дека истите имаат желба да ги променат националните бои и да настапуваат за Македонија.