Вечерва (21:00 ч.) ќе се одигра еден од најинтересните натпревари во Европа, еден против друг на „Метрополитано“ ќе се соочат Атлетико и Реал во рамките на Ла Лига.
Двата тима влегуваат во дуел во супер момент кога се единствените кои немаат пораз од стартот на сезоната. Но и покрај тоа, ниту Атлетико, ниту Реал, нема да се искачат на чело на табелата. „Каталонците“ се први со 21 поен, „кралевите“ имаат 17, а „јорганџиите“ 15.
Психолошкиот момент е на страната на Атлетико затоа што „кралевите“ добиле само еден од последните пет дуели со „јорганџиите“ во сите натпреварувања. Уште повеќе, на последните два гостувања на „Метрополитано“, Реал прими седум голови во поразите од 2:4 во Купот и 1:3 во шампионатот.
Реал доаѓа на „Метрополитано“ без новата напаѓачка ѕвезда Килијан Мбапе кој ќе добие поштеда од тренерот Карло Анчелоти затоа што влече повреда, па се очекува да го замени Родриго или младиот Ендрик. Вон стројот се Давид Алаба, Дани Себаљос и Брахим Диаз, додека се враќаат Едуардо Каманвинга и Дани Карвахал.
Кај Атлетико ќе ги нема Цезар Аспиликуета, Пабло Бариос и Томас Лемар.
Дуелот е нова епизода од тренерската пресметка меѓу Диего Симеоне и Карло
Анчелоти. До сега билансот е изедначен – по 9 победи и 6 ремија во 24 натпревари.
МОЖНИ СОСТАВИ
АТЛЕТИКО (3-5-2): Облак – Ле Норманд, Хименез, Реинилдо – Љоренте, Де Паул, Коке, Галахер, Лино – Гризман, Алварез
РЕАЛ (4-3-1-2): Куртоа – Карвахал, Милитао, Ридигер, Менди – Валверде, Чуамени, Модриќ – Белингем – Родриго, Винисиус.