Компани за повредата на Кејн: Не сум доктор, но се надевам дека ќе биде подготвен за Астон Вила!

49

Баерн Минхен вчера во супер дербито во Бундес-лигата не успеа на свој терен да го победи Баер Леверкузен. Овој меч заврши без победник со резултат 1:1. Ова беше првиот “кикс“ на баварците предводени од Винсент Компани. Сепак полошо од ова реми против шампионот е повреда на Хари Кејн кој мораше во 84.минута да го напушти теренот.

Јас не сум доктор и не можам да говорам во детали за повредата на Кејн. Сепак се надевам дека истата не толку сериозна и дека Кејн ќе биде подготвен за гостувањето во среда кај Астон Вила во меч од Лигата на Шампионите“ посочи Компани.

Сепак допрва треба да се направат анализи на повредата на Англичанецот и да се утврди дефинитивно дали тој ќе може да биде во експедицијата на Баерн за гостувањето на “Вила Парк“.

ПретходноАдеми: Нема да ги повикувам навивачите, но ќе им порачам дека ќе гинеме на терен!
СледноШчесни утре доаѓа во Барселона на потпис!