Мурињо повторно направи шоу на натпревар (видео)

338

Фенербахче го совлада Анталијаспор со 2:0 на гостински терен, а мечот не помина без реакција на тренерот на „жолто-сините“ Жозе Мурињо. Во 2 минута Фенер беше блиску до погодок преку Шумански, сепак, играчот на Анталија, Вејсел Сари ја исфрли топката од гол линијата, а по ВАР преглед одлучено е дека топката не ја прешла гол линијата.
Жозе реагираше на тоа велејќи дека топката ја поминала гол линијата и дека тоа е погодок.
Фенер поведе во 63 минута преку Душан Тадиќ. Во 77 минута Џеко постигна гол но беше поништен поради минимален офсајд. На тоа реагираше Мурињо, a бидејќи радиодифузерот не покажа снимка од ситуацијата, тој зема лаптоп и го постави пред камерите за да ја покаже снимка.
Судијата поради ова му покажа жолт картон.
Сепак, Фенер ја запечати поведата со автогол на Келвен, па Мурињо немаше потреба дополнително да реагира и да ризикува поголема казна.

ПретходноПартизан убаво се намачи против Спартак
СледноДавидовски до подиум на трката во Валенсија