Не е ни блиску до пензија: Ал Наср му нуди нов двогодишен договор на Роналдо!

443

Иако се најавуваше дека Кристијано Роналдо по СП во САД 2026 година ќе означи крај на фудбалската кариера, сепак последните вести што доаѓаат од С. Арабија се чини дека пензијата не е ни блиску за легендарниот Португалец.

Имено Ал Наср му нуди нов двогодшен договор на Роналдо, се разбира најмалку со истата плата, а таа изнесува неверојатни 200 милиони евра годишно, се разбира нето.

Значи му нуди да остане уште две години а за тоа легендарниот фудбалер ќе добие најмалку уште 400 милиони евра.

Иако има 39 години, Роналдо е спремен да го прифати тој нов договор и да остане во С. Арабија уште две години.

Инаку стариот договор му истекува во јуни 2026 година.

Што се однесува до СП во САД 2026, Роналдо ако настапи а сигурно ќе настапи ако се биде како што треба и ако нема некоја несакана повреда, тогаш тој ќе го урне рекордот. Ќе биде првиот фудбалер кој играл на шест СП во својата кариера.

А ако го потпише новиот договор со Ал Наср, тогаш ќе игра до својата 43 година.

Неверојатно!

ПретходноБитка за Мадрид – Реал без Мбапе го напаѓа Атлетико
СледноПораз на Олимпија, Димитријевиќ немаше свој ден