Матија Мирков по само неколку кола на клупата на Шкупи, од денеска не е веќе тренер на чаирчани. Тој по поразот од Работнички денеска со 2:1, си поднесе оставка и нема веќе да биде дел од клубот од Чаир. Како што најави на свите социјални мрежи, Мирков се разделува со Шкупи:
„ Би сакал да им се заблагодарам на сите мои играчи, на целиот персонал и на раководството на клубот што ми дадоа шанса да работам со нив веќе речиси четири години. Беше полн со подеми и падови, но и животот. За мене беше задоволство целиот пат, давав 100% на секој тренинг затоа што навистина уживав. Како и да е, дојде време да ни ги поделиме патиштата, па сакам да им посакам на сите во клубот се најдобро во иднина, со сето мое срце. Чувајте ги главите момци, светла иднина е пред вас“ напиша досегашниот стратехг на Шкупи.