Познато е на кој стадион ќе се игра финалето на Светското клупско првенство!

60

Следното лето од 15 јуни до 13 јули, за првпат со 32 екипи, ќе се одигра Светското клупско првенство. Мундијалот ќе се одржи во САД а ФИФА одлучи каде ќе се игра големото финале. Тоа ќе бисе стадионот “МетЛајф“ во Њу Џерси.

Покрај овој град клупскиот Мундијал ќе се игра и на стадионите во Сиетл, Лос Анџелес, Синсинати, Нешвил,Атланта, Шарлот, Мајами, Орландо, Вашингтон и Филаделфија.

Секако дека ФИФА посакува од ваквиот формат да направи спектакл, но искрено тешко оди тоа. Имено пред неколку денови излезе информарција дека ТВ правата за ова клупско СП досега не се продадени, немало ни голем интерес.

ПретходноМото ГП: Доминација на Мартин во Индонезија!
СледноАдеми: Нема да ги повикувам навивачите, но ќе им порачам дека ќе гинеме на терен!