Ракометарките убедливо поразени од Австрија на вториот тест

52

Женската ракометна репрезентација со два порази ја завршува ЕХФ неделата која е во рамките на подготовките за престојното Европско првенство. Избраничките на селекторот, Крстијан Грчевски денеска беа убедливо совладани со 34-21 од Австрија на втората контрола.

За разлика од вчера кога „црвено-жолтите“ им парираа на противничките ракометарки, денеска сликата беше поинаква. Автрија доминираше во текот на целиот меч и кога на теренот ги имавме искусните ракометарки, што пак е причина повеќе за загрижност за Грчевски, кој ќе мора од сега да го крои планот за големиот предизвик во Дебрецин.

Македонија на ЕУРО ќе се сретне со Унгарија, Турција и Шведска, ова се дуели за кои мора добро да се подготви.

ПретходноРаботнички го “скрши“ и Шкупи….еве како изгледа табелата во ПМФЛ по 8.коло! (ФОТО)
СледноШтутгарт го обжали црвениот картон на капитенот: Тоа е очигледна грешка на судијата…