Флик ја превзема одговорноста после катастрофалниот пораз

140
Фото: Барселона/Твитер

Фудбалерите на Барселона го претрпеа првиот пораз оваа сезона, бидејќи во саботата загубија од Осасуна со 4:2.

Ханси Флик призна дека немал многу решенија и дека морал да заштити некои играчи од прекумерна работа и потенцијални повреди.

“Мораме да го прифатиме поразот, бидејќи не одигравме добро. Ако треба да обвините некого, обвинувајте ме мене. Направив грешки и тоа е целосно моја одговорност. Морав да ги заштитам играчите, бидејќи некои одиграа премногу натпревари. Префорсирав дел од играчите, на некои им требаше одмор. Не очекував дека ќе одиграме вака. Им кажав дека мора да продолжиме, имаме мечеви на секои три дена и дека сме на вистински пат“.

Тој најави подобри денови по октомвриската пауза, кога се враќаат Дани Олмо, Фермин Лопез и конечно Френки де Јонг.

„Ако го погледнете нашиот тим во моментов, имаме тројца играчи од средниот ред и еден дефанзивец, Ерик Гарсија, кој се адаптираше на таа позиција. Мора да го прифатиме тоа, нема оправдувања. По октомвриската пауза ќе имаме повеќе опции. Сега моравме да ротираме, иако немаше премногу решенија, Осасуна го казни тоа и во овој состав“, изјави Флик.

ПретходноПМФЛ: Шампионот против лидерот, скопска пресметка на Арената, Тиквеш го дочекува Силекс во Кичево
Следно“Црвено – црно“ дерби бр.67: Шкендија VS Вардар, мега – пресметка под Шара!