Астон Вила пропушти шанса да му се придружи на Ливерпул на врвот на табелата во ПЛ!

40

Иако пред мечот важеше за голем фаворит, сепак Астон Вила не успеа да слави на гостувањето кај Ипсвич, одигра 2:2 и освои само бод. Со тоа четата на Унаи Емери пропушти шанса со победа денеска и со три бода да му се придружи на Ливерпул на врвот на табелата во Премиерлигата по ова 6.коло.

Ипсвич го изненади фаворитот во 8.минута кога Делап донесе водство за домашните. Следуваа два гола на гостите и тоа на Роџерс и Воткинс, па така во 32.минута резултатот беше 1:2 за гостите.

Сепак ова не беше се од овој меч, Делап повторно беше кобен за гостите и постигна гол за конечни 2:2.

ПретходноМиовски остана на клупата, Џирона со бод кај Селта!
СледноРома ја “реши“ Венеција, Комо славеше против Верона!