Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија стигна до финале на Тирана Опен Г1.
Во битката за злато беше тесно поразен од Сотириос од Грција. Финалето Дејан се бореше со мала повреда за која во стручниот штаб се надевале дека ќе ја санираат.
Ова е убав почеток и значајни бодови за олимпискиот ранкинг.
Она што е важно да се спомене е тоа дека денеска Дејан го елиминираше белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз го спречи да обезбеди норма.