Кирјиос го прозва Синер!

120

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос уште еднаш потврди дека не верува во невиноста на Јаник Синер.

Во март Италијанецот двапати беше позитивен на забранетиот клостебол, му беше дозволено да игра, а во август Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата за допинг.

Сепак, во саботата Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) и бара суспензија од 12 до 24 месеци за играчот број еден во светот.

Кирјиос ја сподели веста на социјалните мрежи, со коментар:

„Ха-ха-ха, можеби сепак не е толку невин?

Не е познато кога CAS ќе ја донесе својата конечна одлука, а се може да потрае неколку месеци.

ПретходноСпектакуларно: Саудијците со фантастично видео го најавија “Слемот на шесте кралеви“! (ВИДЕО)
СледноСлот: Рано е да се направи реална проценка!