Одличен настап на Лацио и победа на гостувањето кај Торино со 3:2 во италијанската Серија А. Лацио ја впиша третата победа, а Торино првиот пораз.
Лацио го отвори резултатот во 8 минута преку Гендузи. Резултатот не се менуваше се до 60 минута кога Диа зголеми за Лацио на 2:0. Следуваше гол на Торино за намалување на резултатот, а го постигна Че Адамс. „Биковите“ од 74 минута останаа со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Ваноли.
Лацио во 89 минута преку Нослин поведе со 3:1, а во следната акција домашните го поставија конечниот резултат преку Коко.