Бојан Миовски и натаму не добива минутажа во нападот на Џирона. И денеска нашиот репрезентативец остана на клупата на мечот во кој неговиот тим одигра 1:1 кај Селта во Виго.
Ова беше натпревар од 8.коло во кое Џирона дојде само до бод. Стрелец за гостите беше Херера во 38.минута, додека Селта израмни преку Аспас во 81.минута.
Ова со неиграњето на Миовски навистина веќе станува симптоматично, многу ретко добива шанса во новата средина, и кога ќе ја добие тоа е само неколку минути.
Еве и денеска целиот меч го преседе на клупата за резерви.