Наполи ја победи Монца и скокна на чело на табелата во Серија А

25

Екипата на Наполи освен што славеше победа над Монца, се искачи и на чело на табелата во Серија А. Тимот предводен од Антонио Конте победи со 2:0 со голови на Матео Политано и Квича Кварацкелија во првото полувреме.
По шест кола Наполи има четири победи, едно реми и еден пораз и 13 бода, бод повеќе од второпласираниот Јувентус, а два повеќе од Милан, Интер и Торино.
Монца со овој пораз е претпоследна со само три бода и се уште нема победа во новата сезона.

ПретходноПрекин во Мадрид – Куртоа гаѓан со ќесе со измет и запалки, судијата ги испрати играчите во соблекувална
СледноХаотично мадридско дерби – Реал во 95. минута остана без победа на „Метрополитано“ (видео)