Партизан убаво се намачи против Спартак

28
Фото: АБА-лига/Драгана Стјепановиќ

Екипата на Партизан го совладаа тимот на Спартак Суботица на гостински терен со 80-89, но до целиот плен дојдоа малку потешко од очекувањата.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа голем проблем за да го скршат опторот на жилавиот домаќин, кој на почетокот на второто полувреме имаше позитива од девет поени. Сепак Партизан на крилата на Бонга, Браун и Џонс успеа да го запише вториот триумф во АБА-лига.

Браун имаше 21 поен, Џонс 15 и седум асистенции, Бонга 13 поени. На другата страна Милетиќ запиша 16 поени.

ПретходноПоклон за оваа дама: Катерина Шиповиќ истрча неверојатни 246 километри на „Спартатлон 2024“
СледноМурињо повторно направи шоу на натпревар (видео)