Денеска од 14 часот на програмата се сите шест средби од 8.коло во ПМФЛ. Секако дека сите погледи ќе бидат свртени кон Тетово каде играат Шкендија и Вардар, ама во Струга се игра уште едно дерби, а таму се среќаваат шампионот против лидерот. Струга ТЛ како шампион мора да ги покаже своите квалитети ако се знае дека во изминатите седум меча не беше на своето ниво. Само со победа стружани ќе се приклучат во битката за самиот врв на табелата. Гостивар посакува и на овој меч да остане непоразен.
Во скопската пресматка на Арената “Тодор Проески“ силите ќе ги одмерат Работнички и Шкупи. Покрај Гостивар по овие седум кола не знае за пораз само уште Работнички. Јасно е дека ќе биде „жешко“, и двете екипи си имаат свои амбиции.
Супер интересно ќе биде во Кичево каде Тиквеш, поради суспензијата, ќе го дочека Силекс. Дали конечно кавадарчани ќе ја поправат реализацијата, а со тоа и ќе почнат да победуваат? Тоа ќе го видиме уште денеска.
Попладнево уште играат Беса – Воска како и Брера – Пелистер.
ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Кичево: Тиквеш – Силекс
Тетово: Шкендија – Вардар
Струга: Струга ТЛ – Гостивар
Гостивар: Беса – Воска
Скопје: Работнички – Шкупи
Струмица: Брера – Пелистер
ТАБЕЛА
Гостивар 15, Шкендија 14, Работнички 13, Силекс 12, Струга ТЛ 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Брера 8, Вардар 7, Беса 5, Тиквеш 5, Воска 5