ПМФЛ: Шкендија слави во тензичен меч, Гачевски удрен од публиката, тензии и во Струга… (ВИДЕО)

505

Попладнево се одиграа сите шест средби од 8.коло во ПМФЛ. Под Шара домапшната Шкендија со 4:0 успеа да го победи Вардар и тоа со головите на Трумчи, Ибраими, Ахмеди и Ф. Рамадани во меч кој во средина од второто полувреме беше хаотичен. Треба да се каже дека голманот на гостите Гачевски беше удрен од страна на публиката.

Интересно и тензично беше и во Струга каде имаше тензии во 85,минута по израмнувачкиот гол на Симоновски за 2:2. Со овој резултат заврши ова дерби. 

Работнички успеа даго победи Шкупи во градското дерби. Регба и автоголот на Пинтер беа головите за победникот. Нема што, Работнички со гази во оваа сезона.

Тиквеш и Силекс одиграа без голови во Кичево, значи кавадарчани повтрно не усеаја да постигнат гол.

Брера с ефектни 4:0 го победи Пелистер. Одлично издание на струмичани под водство на Горазд Михаилов.

Беса со голот на Селмани ја победи Воска со 1:0, Захов одбрани пенал со што ја сочва победата на својот тим.

РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО

БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 4:0

(Ристовски 45+2., Јанкулов 47./Ивковиќ 61., Тодоровски 68.)

БЕСА – ВОСКА 1:0

(Селмани 11./)

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2:1

(Регба 38., Пинтер (авт) 56./)

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4:0

(Трумчи 3., Ибраими 13., Ахмеди 27., Ф. Рамадани 73./)

СТРУГА ТЛ – ГОСИВАР 2:2

(Кехинде 25, Хамзиќ (авт) 45+2./Ајдоган 36., Симоновски 85.)

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0:0

ГОЛОВИ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4-0

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-1

СТРУГА – ГОСТИВАР 2-2

БЕСА – ВОСКА 1-0

ПретходноИ официјално: Ловро Јотиќ е ново засилување на ГРК Охрид!
СледноХаос во Тетово, голманот на Вардар удрен со предмет, судијата Трпчевски се “изгуби“! (ВИДЕО)