Баскет Кам 2011 со трофеј ја почна сезоната. Избраничките на Жаклина Стојановска го совладаа МЗТ Скопје во рамкита на Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ со (74:54).
Стојановска е задоволна и среќна за победата и освоениот пехар, но смета дека има се уште простор за подобрување на играта.
„Убаво е да се почне сезоната со победа, бидејќи тоа дава дополнителен мотив и самодоверба на тимот. Сепак, свесни сме дека има простор за подобрување и дека осцилациите во нашата игра треба да се корегираат. Работиме на анулирање на овие слабости и целиме кон усогласување на формата на тимот. Младата екипа на МЗТ покажа коректна игра и им посакувам успешна сезона“, истакна Стојановска.