Манчестер Јунајтед доживеа уште еден дебакл, овојпат на домашен терен од Тотенхем со 0:3. Разочарување кај навивачите кои веќе му го вртат грбот на тренерот Ерик тен Хаг, а Јунајтед падна на 12 позиција со седум поени од шест натпревари.
На прашањето дали е загрижен за својата иднина на клупата на Манчестер Јунајтед, тој одговори:
„Не, не размислувам за тоа. Мислам дека сите заедно ја донесовме оваа одлука да останеме заедно, сплотени како група. Исто така, донесовме одлука од јасен преглед што треба да подобриме како организација и како сакаме да изградиме тим и целото одлучување е со заедништво.
Но, знаевме дека ќе потрае некое време, поради тоа како помина трансферниот прозорецот, некои играчи доцнеа како (Мануел) Угарте, исто така, треба да направиме одредено подобрување во екипата, треба да се справиме со некои повреди.
Мислам дека ќе бидеме подобри. Ни треба малку време. Сите сме на една страница или во еден брод заедно, сопствениците, тренерите, играчите и персоналот исто така“.
За поразот од Тотенхем…
„Влеговме под стрес на натпреварот. Носевме лоши одлуки, не ја држевме топката, не бевме агресивни, не вршевме пресинг. Првите 30 минути беа добри, имавме и шанси, но потоа црвениот картон…
Се разбира, следува нов ден, нов меч. Очигледно е дека треба да учиме. Втор пат по ред ни се случува дефанзивец да го дрибла целиот тим. Такво нешто не смее да се случува во врвниот фудбал. Мислам дека ќе бидеме подобри на следните натпревари“.