Навистина хаотично дерби во Тетово. Шкендија си победи, но сепак се случуваа такви работи да навистина кои беа непотребни. Имено од публиката на Градскиот стадион постојано се фрлаа предмети, со еден таков беше погоден голманот на Вардар, Филип Гачевски. Тој побара помош, дали тоа требаше да значи и прекин на средбата?
Треба да се спомене и судијата Трпчевски кој веројатно беше и иницијаторот на сите тензии и нервозата, ако се знае дека на четвртиот гол му претходеше чист фаул за гостите.
Откако заврши овој натпревар, службените лица и гостинските играчи под придружба на специјалци беа внесени во соблекувалните.